Сексуално вознемируваше девојка која работи кај него – скапо го плати тоа (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумбиецот Карлос Ескивел е сопственик на популарен ресторан во историскиот центар на Картагена, Колумбија, кој беше прилично претепан од гневни граѓани откако на социјалните мрежи беше видена снимка на која сексуално вознемирува една од девојките кои се вработени кај него.

Уморна од неговите напади, една неименувана девојка неодамна тајно го снимила како бара од неа интимни односи и ја фаќа по интимните делови од телото, а видеото го споделила со роднините и некои пријатели кои заедно со други лица организирале средба со насилникот.

Сопственикот на ресторанот бил брутално претепан од очувот на девојчето, кој полицијата го уапсила поради нанесување тешки телесни повреди. Порталот Колумбијано пренесува дека Ескивел сигурно би поминал полошо доколку полицијата веднаш не избрзала на местото на инцидентот, додавајќи ја информацијата дека истиот несреќник претходно ги малтретирал своите вработени.

Понатаму се вели дека Ескивел во секој случај ќе мора да одговара пред властите за сексуално злоставување на девојката што го снимила видеото.