Турската агенција Анадолија јави дека уште 6 лица биле приведени во врска со нападот во ноќниот клуб Реина за време на прославата на Нова Година. Сите приведени кои сега се 14 на број се испратени на сослушување во полицијата во Истанбул. Во нападот загинаа 39 лица, а 69 беа повредени. Агенцијата не соопшти детали за осомничените, ниту каде биле приведени. …