Home Спорт Тренираше со Ливерпул, го сакаше Барса, потпиша за Атлетико!

Тренираше со Ливерпул, го сакаше Барса, потпиша за Атлетико!

Хуан Мануел Санабриа е 16-годишен Уругваец кој моментално настапува за тамошниот клуб Национал, а наскоро ќе стане член на Атлетико Мадрид.

Шпанска „Марка“ тврди дека „јорганџиите“ ги договориле сите детали за трансферот на капитенот на У17 репрезентацијата на Уругвај.

Останува да се види само кога Санабриа ќе пристигне во Мадрид бидејќи Атлетико сеуште е под суспензија за трансфери.

Во трката за потписот на Уругваецот беа уште Ливерпул и Барселона. Каталонците го следеа веќе подолго време, а „црвените“ минатата година го имаја фудбалерот на проба цели 10 дена.

Сепак, последните информации од медиумите велат дека Атлетико Мадрид ја победил конкуренцијата и го осигурал потписот на големиот талент.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…