Бабунски го раскинува договорот со Црвена Звезда!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски поднесе барање за раскин на договорот со Црвена Звезда и како слободен фудбалер во јануарскиот преоден рок ќе се пресели во друг клуб.

Бабунски во Звезда не ја доби посакуваната минутажа и почесто беше на клупата, отколку на теренот. Тој е во српскиот тим една и пол година, а претходно со години беше дел од младинската школа на Барселона.

„Долговите кои Црвена звезда ги има кон Бабунски само му послужија на Македонецот како причина за покренување на постапка за добивање на раскин на договорот, кои всушност е многу понезадоволен што не ја добива неопходната минутажа“, пренесуваат српските медиуми.

Како најголем кандидат за потписот на Бабунски е турскиот тим Бурсаспор, а со неговото име се поврзуваат и Јанг Бојс и Олимпија Љубљана.