Интернационалното жири на Охридската академија на хуманизмот едногласно одлучи Светската награда за хуманизам за 2017 година да му ја додели на големото име на чешката и светската кинематографија – Јиржи Свобода. Неговиот исклучителен животен и творечки опус, чијашто уметничка круна беше остварена минатата година со филмското ремек-дело посветено на Јан Хус, го вброи меѓу големите имиња на светската хуманистичка мисла …