Во Мрзенци украдени 5.000 евра и часовник Ролекс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Непознат сторител вооружен со пиштол ограбил двајца Турци во гевгелиско Мрзенци, при што и зел часовник Ролекс и 5.000 евра.

Во вторник, во 19.30 часот во село Мрзенци, гевгелиско, непознат сторител, маскиран и вооружен со пиштол, извршил разбојништво над Л.Д. (28) и А.Ц. (31) од Турција. Пред влезната врата на куќата во која како потстанари живееле Л.Д. и А.Ц. сторителот ја турнал Л.Д., по што со пиштолот го удрил А.Ц. во пределот на главата, кој паднал на земја. Потоа му одзел 5.000 евра и часовник Ролекс во вредност од 7.000 евра, по што побегнал во непознат правец. Увид бил извршен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.