Актуелно

Ја зголемија наградата: Wikileaks нуди 30.000 долари за исчезнатите документи од Белата Куќа

Интернет сајтот Wikileaks, фокусиран на разобличување на државните заткулисни тајни и бескрупулозни игри, ја зголеми паричната награда на 30.000 долари за информации за човек од администрацијата на американскиот претседател во заминување Барак Обама кој е поврзан со исчезнатите доверливи документи од американските државни архиви.

Ја зголемуваме наградата до 30 илјади долари за апсење или откривање на претставниците на администрацијата на Обама кои уништиле важни податоци, се наведува на микроблогот на WiiLeaks на социјалната мрежа Twitter

Претходно WikiLeaks понуди награда од 20.000 долари за информација за агентите на администрацијата на претседателот Барак Обама, односно за човекот кој можел да го стори тоа.

Под тој повик WikiLeaks го објави интерното писмо на Управата на националните архиви и сметководствени документи уште на 24 март минатата 2016 година на САД од 2009 година, во кој се укажува дека исчезнал хард диск од два терабајти со електронски информации за уредот на поранешната државна секретарка и претседателска кандидатка Хилари Клинтон.

Во писмото, особено, се укажува дека само некои од документите на дискот се со ознаката за тајност, но оти тој содржи доверливи информации за активностите на редица соработници на Белата куќа.

To Top