23 јануари, 1862 година, во Цариград (денешен Истанбул) починал Димитрија Миладинов, македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник. Беил собирач на народни умотворби и основач на македонската етнографија. Заедно со својот помлад брат Константин водел организирана борба против денационализаторството, панхелизмот и политиката на грчката влада на македонските подрачја. Роден е во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга …