К’сметлијата кој ја вртеше Меланија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Војникот кој беше задолжен да се грижи за Меланија и да биде нејзин партнер за танцување додека Трамп е во прегратка на некоја друга дама, на пет минути ја украде славата и вниманието по инаугурацијата на Трамп вчера вечер.

На свечениот бал кој се одржа вчера вечер, во чест на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, сите очи беа свртени кон него и кон неговата сопруга, првата дама, Меланија Трамп. Тие беа главните актери на подиумот, додека присутните од страна со љубопитност гледаа колку Трамп и Меланија се вешти во танцувањето.

Сепак, настрана од главните погледни, се чини славата ја украде војник задолжен да се грижи за Меланија и да биде нејзин партнер за танцување додека Трамп е во прегратка на некоја друга дама.

Војникот ги искористи своите пет минути да се покаже во најдобро можно светло додека во раце ја имаше првата дама на САД.

А и си пофати на границата на дозволеното, пикантерија која фотографите, нормално, минуциозно прецизни, ја фатија на време.