МВР трага по убиецот на Дилавер Бојку -Леку, кој вчера беше застрелан на плажа во Струга. Како што пренесува „Макфакс“, полицијата трага по машко лице на возраст од околу 30 години, слабо развиен, висок до 170 цм. Според првичните полициски сознанија од истрагата и од сведоците, напаѓачот бил облечен во темна маица, темни кратки пантолони и темни сандали на нозете. …