Најчести нечесни начини да се победи во расправа на социјални мрежи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Штом сте на социјалните мрежи, сигурно сте учествувале или сте читале некоја жолчна расправа. И многу често расправата завршува со пцуење, етикетирање и говор на омраза. Но, ако не замине дотаму, сигурно сте биле сведоци на разни ’нечесни начини’ или тактики кои некои од страните ги користи.

Комуникологот Сеад Џигал, на неговиот Фејсбук профил наведе неколку такви, кои со задоволство ги споделуваме со вас:

-Контра-фокус: Кога се нападнати и имаат проблем да се одбранат манипулаторите во дискусија ја уфрлаат спротивната страна (обвини ја за нешто или потсети на нешто што таа правела или зборувала, и со тоа сокриј се себе си, недостатокот од аргументи и твоите постапки = Ignorantio Elenchi, Red Herring, etc).


-„И другите го правеа тоа“: Многу слична на претходната тактика. Кажи дека тоа што ти го правиш го правел и твојот противник или тие пред тебе, со што се ослободуваш од потреба да аргументираш или браниш нешто (Argumentum ad Populum, поттип „Bandwagoon“, англ.).

-Виктимизација (тактика на сожалување): Тоа што ти немаш аргументи покриј го така што ќе кажеш дека другиот мрчи нешто во афект, од љубомора, од злоба со што неговите критички аргументи ќе бидат поништени (Argumentum Ad Misericordiam) и ќе побараш сожалување дека си нападнат иако си невин и добронамерен.

-„А каде беше кога“: Сокриј си го недостатокот од аргументи со уфрлање на некоја претпоставка која ти одговара, а за која немаш докази (Argumentum Ad Ignorantium).

-Лажна аналогија: Земи некоја површна сличност и искреирај лажен аргумент (така прават и на запад, и таму е така/вака…).
-Тактика на наметната генерализација: Личен пример го генерализираш како општо правило, иако тоа правило важи само за тебе лично или за помала група (Dicto Simpliciter)…