Македонската кошаркарска репрезентација, предводена од новиот селектор Јорданчо Давитков, утре ќе ги почне подготовките за претквалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Кина. Стартот на подготовките селекторот Давитков со својот стручен штаб ќе го означи утре, во 19 часот, во арената „Борис Трајковски“. Давитков го објави списокот на повикани играчи, меѓу нив се Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб. …