Играчи за кои се платени најмногу пари: Роналдо 11-ти, но дали наскоро на врвот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се погласни се шпекулациите дека Кристиано Роналдо ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а доколку се случи тоа, сосема сигурно ќе стане играч за кого клубовите најмногу потрошиле во историјата на фудбалот.

Имено, до сега низ три трансфери за Роналдо се платени точно 113 милиони евра, па моментално е на 11-то место на сите времиња.

Но, со оглед на фактот дека неговиот трансфер сигурно ќе изнесува над 100 милиони евра, Португалецот ќе стане најскапиот играч во историјата на фудбалот.

Ова се моментално 15-те најскапи играчи на сите времиња:

15. Роби Кин (без клуб): Вулверхемптон – Ковентри – Интер – Лидс – Тотенхем – Ливерпул – Тотенхем – Селтик – Вест Хем – ЛА Галакси | 103,85 милиони евра

14. Кевин де Брујн (Манчестер Сити): Генк – Челзи – Вердер Бремен – Волфсбург – Манчестер Сити | 104,45 милиони евра

13. Пол Погба (Манчестер Јунајтед): Манчестер Јунајтед – Јувентус – Манчестер Јунајтед | 105 милиони евра

12. Давид Луиз (Челзи): Виторија – Бенфика – Челзи – ПСЖ – Челзи | 110 милиони евра

11. Кристиано Роналдо (Реал Мадрид): Спортинг Лисабон – Манчестер Јунајтед – Реал Мадрид | 113 милиони евра

10. Хулк (Шангај СИПГ): Токио – Порто – Зенит – Шангај | 114,8 милиони евра

9. Герет Бејл (Реал Мадрид): Саутемптон – Тотенхем – Реал Мадрид | 115.7 милиони евра

8. Хуан Себастијан Верон (Естудијантес): Естудијантес – Бока – Парма – Лацио – Манчестер Јунајтед – Челзи – Интер | 116 милиони евра

7. Луис Суарез (Барселона): Национал – Гронинген – Ајакс – Ливерпул – Барселона | 116,52 милиони

6. Хернан Креспо (во пензија): Ривер – Парма – Лацио – Интер – Челзи | 119,27 милиони

5. Николас Анелка (во пензија): ПСЖ – Арсенал – Реал Мадрид – ПСЖ – Ливерпул – Манчестер Сити – Фенербахче – Болтон – Челзи | 127,36 милиони евра

4. Хамес Родригез (Реал Мадрид): Енвигадо – Банфилд – Порто – Монако – Реал Мадрид | 127,63 милиони

3. Гонзало Игуаин (Јувентус): Ривер – Реал Мадрид – Наполи – Јувентус | 141 милиони евра

2. Златан Ибрахимовиќ (без клуб): Малме – Ајакс – Јувентус – Интер – Барселона – Милан – ПСЖ – Манчестер Јунајтед | 169,1 милиони евра

1. Анхел ди Марија (ПСЖ): Росарио Централ – Бенфика – Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед – ПСЖ | 179 милиони евра.