Растот на цените на производите кои се дел од семејната кошничка продоложува, а животот станува сè поскап. Статистиката измери двоцифрена инфлација од 16,7% и во февруари, која е незначително намалена во однос на претходниот месец. Синдикатот пак, пресмета – за преживување на 4 члено семејство месечно му биле потребни над 43,600 денари, или со вклучената инфлација – скоро 51 илјада. …