Со тек на време, кожата под мишките почнува да потемнува, било тоа поради бричење или поради зголемено потење…
Сепак, нема потреба да се грижите, бидејќи ова не е никакво кожно заболување или слично. Постојат многу причини за овој феномен, како што се бричењето, потењето, синтетичката облека, употребата на дезодоранси кои содржат алкохол и насобраните мртви клетки.
Ако мислите дека имате некој поголем проблем што предизвикува појава на овие дамки, посетете лекар, кој ќе ги отстрани сомнежите и ќе ви каже зошто навистина ги имате.
За да се подготвите за сезона на капење и слободно да ги покажете мишките без да размислувате дали некој ви ја забележува разликата во бојата на кожата или не, ви претставуваме два одлични рецепти за правење маска и пилинг кои ќе го решат овој проблем. Многу се едноставни.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 2 лажици брашно;
- 1 лажица лимонов сок;
- 1 лажица млеко;
- Мало количество куркума (врв од мала лажичка или еден прстофат)
Сите состојки добро измешајте за да добиете густа паста. Истријте ја на кожата под мишките и оставете ја да делува 30 минути. Исплакнете со млака вода и нежно избришете со пешкир.
За пилинг ви се потребни само сода бикарбона и кокосово масло. Во една чинија ставете еднаков однос на кокосово масло и сода бикарбона и добро измешајте додека не се соедини. Со кружни движења нанесете ја добиената смеса на кожата под мишките и оставете малку да делува, потоа исплакнете со млака вода и исушете.
Во овој рецепт, ако немате кокосово масло, можете да го замените со лимонов сок, мед или јаболков оцет – секоја варијација е добра и ефикасна.
Исто така, содата бикарбона е многу добро средство за нега на кожата под мишките, бидејќи со нејзиното абразивно делување ги отстранува мртвите клетки од кожата и има антибактериско дејство – ги неутрализира непријатните мириси бидејќи ги отстранува бактериите кои ги предизвикуваат. Сосема можно е да ја замени и дезодорансот бидејќи е здрава.
Еднаш неделно користете маска и пилинг на кожата под мишките (комбинирајте – една недела маска, друга пилинг) и добри резултати ќе бидат загарантирани!