Дали е нормално да размислувате за бившиот партнер дури и години по раскинувањето?
Постојат мисли кои не исчезнуваат со само еден клик и постојат бивши кои, и кога се одамна дел од минатото, повремено „излегуваат“ во главата – без најава, без причина, без драма… но сепак тука се.
И колку и да изгледа како знак дека нешто не е завршено, вистината е многу поедноставна (и смирувачка): тоа е нормално. Можат да поминат години, животот може да тргне во сосема нова насока, но мозокот не функционира како копче за бришење. Луѓето кои имале значење во вашиот живот не исчезнуваат – тие се претвораат во тивки траги. Понекогаш ги активира мирис, некоја песна, пролазник кој наликува, дури и обичен момент на тишина. И одеднаш, сèќавањето е тука. Не затоа што „не е завршено“, туку затоа што било важно.
Проблем всушност никогаш не се самите мисли. Проблемот е она што се случува веднаш потоа: тоа тивко преиспитување – „зошто уште мислам на него?“, „дали навистина продолжив понатаму?“. Тука започнува непотребниот притисок бидејќи вистината е дека можете да бидете сосема понатаму во животот, а спомените сè уште да постојат. Тие две работи не се во судир.
Современиот пристап кон емоциите оди во една насока – помалку борба, повеќе прифаќање. Мислата доаѓа, останува кратко и си заминува. Без анализа, без драматизација. Како нотификација што не мора да ја отворите. Колку помалку внимание ѝ давате, толку побрзо губи сила.
Интересно е и тоа што таквите мисли најчесто не се појавуваат „случајно“. Често доаѓаат во моменти на умор, досада, стрес или осаменост – кога мозокот бара познати емотивни обрасци. Со други зборови, не е секогаш до таа личност, туку до моментот во кој се наоѓате.
Најголемата грешка е обидот да се избрише сè целосно. Тоа не функционира. Тоа што функционира е да престанете да ја „храните“ таа приказна – враќањето на стари фотографии, замислување сценарија „што би било ако би било“, емотивни рутини поврзани со минатото. Тоа ја одржува врската жива, не само споменот.
Наместо тоа, фокусот полека се преместува на сегашноста. Не преку теорија, туку преку конкретни нешта: нови искуства, нови луѓе, нови навики. Животот што се случува сега станува погласен од она што било.
И тука доаѓа најважниот дел – не постои совршено „затворање“. Не постои момент кога нешто никогаш повеќе нема да се појави во мислите. Постој само момент кога тоа веќе нема моќ над вас.
И тоа е всушност знак дека сте продолжиле понатаму.