Почина Љупчо Јакимовски – бивш директор на МРТ и МИА


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По кратко боледување, на 61-годишна возраст почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ.

Јакимоски е роден во 1961 година, во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ.

Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио телевизија, функција која ја извршува до 2002 година.

Во 2006 година е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, на која функција е 11 години, се до 2017.

Љупчо Јакимоски ќе биде погребан во неговото родно Велестово.