Лидерот на грчката левичарска опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас, на средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу денеска не го прифати мандатот за формирање нова влада, пренесува ТВ ЕРТ. Ципрас рекол дека одговорил на својата институционална обврска да дојде, но посочил дека не го прифаќа мандатот бидејќи нема можност за формирање влада. Сакеларопулу, од своја страна, посочила дека Уставот предвидува континуитет …