Како да изберете совршен блејзер за вашата фигура: Моден водич што ќе промени сè
Блејзерот е вистинскиот херој на гардеробата оваа пролет. Го заменува палтото, го надградува обичниот аутфит, додава доза на авторитет, елеганција и effortlessly chic енергија. Сепак, не е секој модел создаден за секоја фигура. Вистинскиот блејзер може да ја обликува силуетата визуелно, да ги нагласи убавите страни и да го направи целиот изглед поскапоцен и попромислен.
Затоа, пред да кликнете impulsively на додавање во кошничка, важно е да знаете кој крој најмногу одговара на вашето тело.
АКО ИМАТЕ ФИГУРА НА КРУША
Рамената се потесни, а колковите поизразени? Целта е да се постигне баланс на силуетата. Одберете блејзер со структурирани рамена или дискретни раменици кои визуелно ги изедначуваат пропорциите.
Најдобар избор:
- модел до струкот или малку под колковите
- прав или благо струкиран крој
- потврди материјали кои ја држат формата
АКО ИМАТЕ ФИГУРА НА ЈАБОЛКО
Ако централниот дел на телото ви е пополно, целта е да ја издолжите фигурата и да создадете елегантна вертикална линија.
Најдобар избор:
- блејзер со прав крој
- модел со едно копче
- меки материјали кои убаво паѓаат
- должина преку колковите
Избегнувајте премногу кратки модели кои завршуваат во најширокиот дел на телото.
АКО ИМАТЕ ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК
Струкот е јасно дефиниран, а пропорциите на рамената и колковите се изедначени. Вашата задача е едноставна – нагласете го струкот.
Најдобар избор:
- блејзер со ремен
- струкирани tailored модели
- крој кој ја следи линијата на телото
- должина до колковите
Ова е силуета која изгледа особено луксузно во квалитетно кроен блејзер.
АКО ИМАТЕ ПРАВОАГОЛНА ФИГУРА
Ако рамената, струкот и колковите имаат слична ширина, целта е да создадете впечаток на облини и динамика.
Најдобар избор:
- блејзер со ремен
- peplum кроеви
- cropped модели
- дворедно копчање
- модели со џебови или детали кои даваат волумен
ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ПРИ КУПУВАЊЕ НА БЛЕЈЗЕР
Рамената се пресудни: Ако блејзерот не стои добро во рамената, тешко може да се спаси кај кројачот.
Ракави треба да завршуваат кај зглобот: Или благо над ако сакате опуштен стил.
Благо oversized е секогаш сигурна опција: Изгледа модерно, скапо и лесно се комбинира.
Материјалот прави разлика: Добар состав и убаво ткаење веднаш ја подигаат импресијата. Дури и едноставен модел изгледа луксузно кога е квалитетен.
ФИНАЛЕН СОВЕТ
Трендовите доаѓаат и минуваат, но блејзер кој совршено стои останува со години. Наместо да трчате за вирусни модели, изберете оној кој ја ласка вашата фигура и ве прави да се чувствувате моќно веднаш штом го облечете. Тоа е секогаш најдобрата инвестиција.