Алармантна состојба со судии по основните судови низ Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако на хартија, по систематизација, се осумнаесет на број, во судниците на прилепскиот основен суд останаа само четворица судии.

Еднa од нив денеска стана в.д. претседател – судијката Јасмина Шишковска Стојковиќ, откако досегашниот вршител на должност Зоран Стевановски судскиот совет го пензионираше. Од друга страна, ниту еден од академците од последната генерација не се пријавил на огласот за овој суд.

Адеми сè уште е заменик претседател на судски во оставка, затоа што новиот претседател Горгиев сè уште не е потписник, односно дека не се завршени административните процедури до крај.

Советот денеска пензионираше четворица судии, меѓу кои и поранешната претседателка на судскиот совет Александра Зафировска.

Проблемот со недостатокот на судии дополнително се продлабочи откако лани пропадна обидот на власта да ги изгласа законските промени со кои судиите ќе можат да го продолжат работниот век и по 64 години.

Според систематизацијата, во сите македонски судови треба да има вкупно 633 судии во моментот има 398. Празни се 235 места. Според податоците од судски освен во Прилеп, критично е и во судовите Струга, Берово, Крушево и скопските судови кривичен, граѓански и Апелација. Со оглед на тоа што од последната генерација што излезе од академијата има 30 кандидати судии тоа ни од блиску не може да ги пополни сите жаришта во судовите низ државата. Само во текот на 2023 година се пензионираат вкупно 40 судии.

Поголемиот интерес на академците за судовите во Скопје, беше главна причина, поради која судски не објави огласи за Скопје и покрај тоа што имаше поделени ставови меѓу членовите. Први овој рецепт го применија од Советот на јавни обвинители. Таму утре веќе и ќе се бираат обвинители за 10тина обвинителства низ државата. Мегу пријавените, за обвинителстата во Кичево и Гостивар се сопругата на обвинителот Абази и синот на собранискиот спикер Џафери.