Home Актуелно Вторник со сончево претпладне и нестабилно попладне со локален дожд

Вторник со сончево претпладне и нестабилно попладне со локален дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид 21, Битола 22, Крива Паланка 23, Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 28.

Утре претпладне ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 27 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…