Белградското ЈО отвори истрага против мајката на Коста Кецмановиќ за евентуално „запуштање и малтретирање на малолетно лице“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белградското Јавно обвинителство за јавноста соопшти дека е отворена истрага против мајката на малолетникот Коста, кој изврши масакр во училиштето „Владислав Рибникар“.

Обвинителството испратило барање до Полициското одделение на градот Белград за да се спроведе истрага бидејќи мајката на Коста е осомничена за кривично дело „запуштање и злоупотреба на малолетно лице“.

Градскиот центар за социјална работа треба да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на Коста и потоа да го извести обвинителството.

Масакрот во училиштето се случи на 3 мај, кога Коста со огнено оружје уби девет ученици и припадник на обезбедувањето.