Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција? Премиерот Зоран Заев најави дека во овој правец ќе се движи прашањето на референдумот. За ова, како што рече на прес-конференцијата по завршувањето на лидерската средба, ги информирал претставниците на партиите кои останаа на средбата откако замина претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. …