Во Неапол може да си купите тоалетна хартија со ликот на Роналдо (фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристиано Роналдо е новата мега ѕвезда на Јувентус, Португалецот за сума од 100 милиони го напушти Мадрид после девет години и се пресели во Торино.

Овој трансфер предизвика вистински земјотрес во фудбалскиот свет.

Јасно, фановите на Јувентус беа во вистински делириум, пристигнува човек кој може да ги однесе до долку посакуваната титула во Лигата на шампионите.

Од друга страна поинакво е расположението во Неапол од каде што доаѓа еден од најголемите ривали на Јуветус, Наполи. Имено, на друштвените мрежи се појави фотографија на која може да се види дека во овој град се продава тоалетна хартија со ликот на Роналдо.