Истражувањата се насочени на неолитската населба формирана пред 8 000 години, како и на фазите на овој локалитет во доцната антика и средниот век. Во теренските истражувања се вклучени археолози и студенти од Македонија, Германија, Полска, Словенија и Чешка, а во рамките на проектот се вршат анализи со стручњаци од повеќе институции во Швајцарија, Шпанија, Франција и Србија. Покрај проучувањето …