Одделот за организиран криминал ќе го „чешла“ Фондот за иновации


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


МВР по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал влегле во фондот за иновации, пренесува Телевизија 24 од извори во фондот.

Според истите извори барале докуметнти околу скандалот со државни грантови за функционери во Владата.

„Дојдоа, проверија, зедоа документи. Тие си ја тераат постапката, не би навлегувал. Ние во понеделникот ги повикавме јавно да постапат, по што постапија”, рече директорот на Фондот, Деспотовски.

Јавното обвинителство во понеделникот по допрен глас отвори постака за доделувањето на државна помош на фирмата Катинвест, чиј коспотвеник е вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Грантови добиле и фирмите на пратеникот Хари Локвенец и на снаата на советничката Цветканка Ласкова.