Не запира порастот на негативните бројки од катастрофата која во саботата вечерта ја погоди Индонезија. Бројот на жртви достигна 373 лица, повредени се 1.459, а 128 се водат како исчезнати, соопшти Индонезиската агенција за справување со природни катастрофи. Цунамито во саботата вечер по локално време ги погоди крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава, и беше предизвикано од ерупција …