Home Спорт Матиќ уште го брани Мурињо: Не е тој виновен!

Матиќ уште го брани Мурињо: Не е тој виновен!

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ застана во одбрана на Жозе Мурињо, кој беше отпуштен поради слабите резултати.

„Црвените ѓаволи“ после заминувањето на Мурињо и доаѓањето на Солскјер го декласираа Кардиф на гостувањето со 5:1.

„Не знам што се промени. Никој нема одговор на тоа прашање, но сигурно е дека мораме да продолжиме по овој пат. Да се бориме и да победуваме“, истакна Матиќ, а потоа го коментираше отказот на Мурињо.

„Тоа е фудбал, но не е секогаш виновен менаџерот кога не се добри резултатите. Играчите мораат да преземат одговорност, тоа го кажав и после мечот со Ливерпул. Мораме да играме подобро, ние сме Манчестер Јунајтед“, заклучи Србинот.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…