„Суперхикс“ го претставија својот нов музички спот кој го снимија за песната „Ана“. Во спотот тие се восочни фигури, комплетно прекриени со пајажини, заборавени од сите и оставени на забот на времето. Но, момците оживуваат благодарејќи на една Ана која што ја глуми Сара Анастасовска. Ана вози велосипед и продава букети цвеќиња на минувачите пред излогот каде што се поставени …