Од ДУИ тврдат дека ќе гласаат за законот за ЈО и дека нема никаков проблем со СДСМ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пратеникот на Демократската унија за интеграција, Артан Груби, денес истакна дека нивната партија дава недвосмислена подршка за сите договорени закони, додавајќи дека партијат аочекува законите да се усвојат и Собранието да се распушти најдоцна до недела.

Нема никаков проблем со СДСМ, порача Груби.

„Ние бевме клучниот партнер на оваа влада и најважните одлуки за државата ги подржавме, така и ќе остане. Настапот вчера беше таков, поради некоридинираност“, рече Груби.

„ДУИ апсолутно го поддржува Закнот за јавното обвинителство и Законот за Совет за јавни обвители, почнувајќи од Али Ахмети, па се до последниот пратеник во ова Собрание. ДУИ не го условува Законот за јавното обвинителство со носење на ниту еден друг закаон или процедура. Нека го стават на гласање во наредниот половина час и ќе дојдеме сите заедно со Али Ахмчти да го гласаме“- рече Груби.

Тој посочи дека Изборниот законик е усогласен и потпишан од сите координатори на пратнеички групи и ќе биде пуштен во собраниска процедура.

Пратениците во Собранеито се на пауза која ја побара ВМРО-ДПМНЕ, поради тоа што министерката за правда Рената Десковска не го образложи Законот за јавното обвинителство.

Неофицијално пак, собраниски извори велат дека Министерката не се обратила за да не предизвикала бура од репллики и контрареплики од опозицијата. Пратеникот на ДУИ Артан Груби за време на паузата на прес конференција посочи дека целосно го поддржуваат Законот за јавното обвнителство.