Технолошкиот гигант Microsoft за 5 минути „во дупка“ од 17 милијарди долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Технолошкиот гигант Microsoft вчера доживеа загуба на неговата вредност во висина од 17 милијарди долари, кога беше забележан пад на цените на акциите, откако федералниот судија нареди привремено прекинување на договорот со JEDI што Пентагон го склучи со компанијата минатата година.

Поради падот на цените на акциите, технолошкиот гигант изгуби 17 милијарди долари пазарна вредност за само пет минути. Пазарната вредност на Microsoft сега е околу 1,27 трилиони долари, покажуваат податоците на „Блумберг“, пренесува ПлусИнфо.

Тоа е третата највредна фирма на светот, по Saudi Aramco и Apple, кои вредат 1,88 и 1,39 трилиони долари.

Судот донесе одлука откако Amazon минатата недела поднесе барање до Министерството за одбрана да го суспендира договорот од 10 милијарди американски долари наречен Проект за заедничка одбранбена инфраструктура (JEDI).

Целта на проектот е да се изгради простор за чување и управување со чувствителни воени и одбранбени податоци.

Пентагон го додели овој проект на Microsoft, со што го исфрли Amazon кој важеше за фаворит. По загубата, Amazon се обиде да ја оспори одлуката, обвинувајќи го Пентагон за пристрасност, пренесува Банкер.

Судот донесе одлука за привремено прекинување на доделување на проектот се додека не се расчисти правната битка за овој договор.