Четири банки започнаа со исплата на парите на граѓаните со депозити до 30.000 евра кои им заглавија во пропаднатата Еуростандард банка. Комерцијална, Стопанска банка Скопје, Халк и НЛБ се банките кои ги обештетуваат граѓаните кои во Еуростандард имаа до 30 илјади евра. Оштетените граѓани по азбучен ред објавен во медиумите треба да одат во новата банка каде имаат отворено сметка. …