Маричиќ најави дека до крајот на 2020 ќе се донесе закон за попис кој би се одржал во април, 2021


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерот за правда Бојан Маричиќ уверува дека „операцијата попис“ е една од главните определби на новата Влада. Најави дека до крајот на годинава ќе се донесе Законот за попис, кој ќе претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите и тоа во делот на одредбата роковите кога ќе стапи на сила, за пописот да може да се одржи во април 2021 година пред локалните избори.

-Постои цврста определба и коалициски договор за спроедување на пописот идната година, тоа е дел од коалицискито договор меѓу СДСМ и ДУИ и тој закон беше доставен во Собранието пред изборите , остануваме како влада повторно го предолживме во собраниска проедура ќе има определени измени во роковите, бидејќи оригинално кога беше предложен требаше да стапи на сила година дена откако ќе биде донесен, сега веќе немаме време за толку чекање бидејќи за година дена од сега ќе бодат локалните избори,. Определба на Владата и заводот за статистика е тој попис да се спроведе пред локалните избори така што верувам и че работиме на тоа во наредниот период до клрајот на годмната да се доенсе тој закон за да може во април 2021 година да се спроведе пописот, вели Бојан Маричиќ – Министер за правда.

Пописот треба да биде статистичка, а не политичка работа, вели пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова, одговарајќи на новинраско прашање дали ќе го поддржат законот во Собрание.

-Од оваа Влада можеме да очекуваме единствено почитичка операција која ќе биде предмет на тргување, што е тотално погрешно и не се согласуваме со тоа, бидејќи оваа Влада нема капацитет да го сработи пописот како статистичка операција. Затоа уште еднаш потенцираме дека пописот треба да биде статистичка операција и веќе се имаме произјаснено во минатото по ова прашање.изјави Ели Панова – пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Последниот обид за спроведување на попис во Македнија се случи во 2011 година, но процедурата беше запрена. Официјалното образложение за ова беа ненадминливите разлики во толкувањето на методологијата како да спроведе попишувањето. За ова истрага во2018тата отвори СЈО, во која осомничени се тогашните коалициски партнери Али Ахмети и Никола Груевски.

Во меѓувреме, за следната година се подготвува редовен декаден циклус на попис на населенето во Европа. Додека се случува ова, Македонија и Босна и Херцеговина се двете европски држави кои се уште го немаат утврдено ниту датутмот за спроведување на оваа операција.