Со новата опција ЈуТјуб се наметнува како конкуренција на ТикТок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со новата форма на видео снимки наречена „YouTube Shorts“, која ЈуТјуб ќе ја тестира во Индија, компанијата е во план да се наметне како конкуренција на популарната апликација ТикТок.

Станува збор за нова форма на видео снимки на Јутјуб под името „Youtube Shorts“. Снимките кои ќе бидат направени во вој формат ќе траат 15 секунди и ќе имаат функции и начини за модификација на снимки како кај кинеската апликација Тик Ток. Индија го забрани Тик Ток како и 58 други апликации од кинески компании во јуни кога тензиите меѓу двете земји се зголемија.

Во тој момент, Индија била најголем странски корисник на Тик Ток, со преку 120 милиони корисници, пренесе „Би-Би-Си“.

Јутјуб не е единствена компанија која сака да ја исполни празнината која забраната на Тик Ток ја остава зад себе, па ќе мора да биде во конкуренција со многу компании кои имаат иста намера.