Граѓаните на Македонија денес го празнуваат 8. Септември, Денот на независноста, важен датум од историјата, ден кога пред три децении граѓаните на референдум се изјаснија за независна држава. На 8 септември 1991 година, од плоштадот „Македонија“ беше прогласено дека Република Македонија ќе оди по сопствен пат, како независна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари беше усвоена Декларацијата за независност …