Трет ден попис на населението во Македонија – во првите два дена попишани 136.773 граѓани


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Во првите два дена од пописот евидентирани се 136.773 луѓе, од кои 94.975 само во првиот ден. Застој во апликацијата за попишување се појави и денеска, на третиот ден од пописот. Првиот човек на статистика Апостол Симовски вели дека тоа се случило поради ажурирање и рестартирање на апликацијата, за да се отстранат какви било проблеми во иднина.

„ Денешното рестартирање на процесот е да нема вакви случаи во целиот процес затоа го рестартираме, она што вчера ни се случи тој технички проблем, најдено е решението и се прави ова за да го нема тој проблем. Системот беше прекинат заради тоа што се рестартира. Секогаш кога работите со технологија, можни се вакви случаи тие беа предвидени однапред и затоа има цела екипа и од провајдерот на апликативното решение и од провајдерот на интернет конекцијата, постојана екипа којашто е спремна да интервенира, луѓето интервенираа и еве се отклонуваат работите.“-Апостол Симовски – Директор на ДЗС.

Симовски рече дека досега никој не е казнет од оние граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите, нагласи дека станува збор за мал број на случаи на одбивање да се дадат податоците и рече дека е обврска на државните инструктори да разговараат со овие лица.

За лицата кои се во изолација, попишувачите ќе добијат адреси и со нив ќе се договорат кога ќе може да се спроведе пописот, според протоколите или ќе се договорат и ќе почекаат додека лицето излезе од изолација.