Овој е вистинскиот Дијатлов од Чернобил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Анатолиј Дијатлов е веројатно најомразениот лик од хит серијата „Чернобил“ која ги импресионираше и најпрефинетите вкусови на љубителите на сериските филмови.

Инженерот кој во серијата е прикажан како негативец кој издава наредба која доведува до најголемата нуклеарна катастрофа во човечката историја, а подоцна одбива да соработува во истрагата, поживеал уште девет години после несреќата.

Една година пред неговата смрт, поточно во 1994 година, Дијатлов даде интервју кое неодамна беше објавено на YouTube.

Во едночасовното интервју Дијатлов говори за околностите во кои се случила нуклеарната хаварија, а изгледа дека неговата страна од приказната никој од обожавателите на серијата не го заинтересирала. Интервјуто е прегледано речиси 900.000 пати, а коментирано е речиси 4.000 пати и сите коментирачи се во една работа согласни – „интервјуто не е одлично, но не е ни страшно“.

„Not great, not terrible“, веројатно е најпознатата реплика од целата мини-серија во продукција на НВО, а ја кажа токму Дијатлов после експлозијата, откако инженерите ја измерија количината на радијација која достигна максимум на уредот за мерење, а која Дијатлов во серијата не го загрижи нешто посебно.