Заев дефинитивно нема да биде министер за финансии – законот не го дозволува тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Членот 44 од законот со европско знаменце за спречување на корупцијата стави точка на намерата на премиерот Зоран Заев да биде истовремено и министер за финансии. До 19-ти јануари оваа година, Заев можел да биде и премиер и министер, но оттогаш законски се неспоиви функциите премиер и министер, пренесува Телма.

Иако владината реконструкција и операцијата „метла“ се подготвуваа речиси два месеци, правниот тим и премиерот кои ја подготвуавле реконструкцијата на владата не ја забележале анти-корупциската забрана за две фотељи на ист човек во иста влада.

Антикорупциската комисија со допис претпладнево ги потсети пратениците дека тоа е спротивно на законот и дека тие како службени лица се должни да го спречат тоа.

„Во случај кога претседателот на владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финансии ќе настане повреда на цитираните членови (член 44 и 72 од Закон за спречување на корупција и судир на интереси) при што Државната комисија ќе биде принудена да превземе конкретни мерки согласно нејзините надлежности утвдени во Законот“, го извести ДКСК спикерот Талат Џафери.

За кршење на законот е предвидена глоба од 300 до 500 евра.

Заев кога ја претставуваше реконструкцијата, рече дека и поради дописот, но и поради негативните реакции во јавноста за двојната функција ќе ја повлече кандидатурата и само привремено ќе го пополни министерското столче до избор на наследник на Драган Тевдовски.

„Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде и министер. Сепак, му дадов налог на кабинетот да ја повлече мојата кандидатура за министер за финансии. Согласно овлатувастувањата со Законот за Влада, ќе раководам со Министерството за финансии, сè до изборот на нов министер“, изјави Зоран Заев, претседател на владата.

Привременото работење како министер за финансии може да најде лабава законска подлога во членот 1 од законот за владата, иако пак во друг законот за организација на државната управа е регулирано дека само заменик министер може да го менува министерот доколку овој е спречен да си ја врши работата.