Се огласи и Адил Рами откако Памела јавно го нарече „чудовиште со двоен живот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Памела Андерсон вчера на нејзиниот Инстаграм профил објави дека ја раскинала љубовната врска со 18 години помладиот фудбалер Адил Рами.

Во својата објава на Инстаграм, Андерсон го нарече Рами чудовиште заради неговиот наводен двоен љубовен живот. На тоа реши да се огласи и францускиот фудбалер и да ја изнесе својата страна од приказната.

Рами на Инстаграм објави фотографија со сега веќе неговата бивша девојка Памела и ги прокоментира нејзините обвинувања за двоен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adil Rami (@adilrami) on

„Паузата никогаш не е едноставна. Често во такви случаи емоциите можат да го опседнат човекот и да дозволат нештата да се преувеличат. Памела е комплетна личност, која длабоко ја почитувам, со сопствени убедувања, искрена во своите борби и мојата љубов кон неа секогаш била искрена. Тоа е она кое сакам јас да го памтам. Мислам дека не би требало да ја откриваме нашата интимност и минатото кое не засега само нас. Меѓутоа, во овој момент сакам нешто да расчистам. Во никој случај не сум живеел двоен живот, едноставно сум поврзан и наклонет кон зачувување на трајни односи со моите деца и нивната мајка Сидони, која длабоко ја почитувам. Тоа требаше да биде транспарентно во нашите односи. Претпоставувам. Бев и ќе останам верен на моите вредности и убедувања кои се мои, а кои се изразени во мојата посветеност и поддршка кон здружението Solidarte Femmes, која секогаш била силна. Горд сум што учествував во нивната голема и убава кампања која потврди исклучителната работа на здружението и неговите членови. Сакам мир и дискреција за нашите семејства и нивните пријатели, дури и ако сум повреден и ме боли. Се надевам дека ќе ме разберете и ќе го почитувате тоа“, напиша Рами во неговата објава.

Потсетуваме, Памела вчера на Инстаграм објави драматична порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Pamela Anderson Foundation (@pamelaanderson) on

„Изневерена сум…Тешко е да се прифати фактот дека последните две години од мојот живот биле лага. Се излагав и поверував дека сме во голема љубов. Се шегуваше со другите играчи кои имаа девојки кои живееја во близина на нивните сопруги. Тие луѓе ги нарекуваше чудовишта, но ова е уште полошо. Ги лажел сите. Како е можно да контролираше две женски срца и ума. Тој е чудовиште“, напиша Андерсон.