Вебкафе

Ова слатко маченце 16 години е постојан жител на Света Софија во Истанбул

Славната Света Софија во турската метропола Истанбул, низ својата долга историја имала многу намени. Меѓутоа без оглед на тоа за што се користим едно е сигурно- за оваа мачка секогаш ќе биде дом.

Мачката Гли има свој Инстаграм профил, кој го води Умут Бачеч, која е поранешен туристички водич од времето кога Аја Софија беше музеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ayasofya Kedisi Gli (@hagiasophiacat) on

„Сум видела повеќе од 20 држави и многу убави градови. Меѓутоа, верувам дека Истанбул е крал на сите градоци,а Аја Софија е неговата круна“, рекла Умут.

Истанбул е инаку препознатлив по уличните мачки, а за нив се снимени и многу документарни филмови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ayasofya Kedisi Gli (@hagiasophiacat) on

„Нормално е да видите мачки и околу Аја Софија, и внатре. Сепак, Гли е нешто посебно. Начинот на кој позира и оди, начинот на кој се однесува, е целосно различен од останатите мачки“, истакнува Умут.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ayasofya Kedisi Gli (@hagiasophiacat) on

Таа смета и дека името совршено ја опишува оваа мачка, затоа што Гили значи „обединување на љубовта“.

„Без оглед на религијата, бојата на кожата и полот, сите се насмевнуваат кога ќе ја запознаат мачката Гли“, вели Умут.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ayasofya Kedisi Gli (@hagiasophiacat) on

Откако и направила Инстаграм профил на Гли, луѓето кои се сретнале со оваа мачка и праќаат фотографии, па колекцијата е веќе голема.

Моментално, не постојат планови Гли да се пресели, а целиот персонал на Аја Софија ја прифатил како дел од семејството.

To Top