Германска донација од 152.000 евра за неколку македонски здравствени установи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Анке Холштајн, амбасадорка на Германија во Македонија, потпиша договори за донација за јавните здравстевни установи Клиничка болница Штип, Општа болница Куманово, Општа болница „Борка Талески“ Прилеп и Здравствен дом Гостивар со вкупна вредност од 152.000 евра, со цел поддршка на Македонија при справување со пандемијата од ковид-19 и директна помош на граѓаните, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје.

Од амбасадата велат дека македонските здравствени установи ќе ги искористат донираните средства за набавка на медицинска опрема и амбулантни возила.

„Амбасадата им се заблагодарува на НВО Фондација за локален економски развор од Штип, НВО Центар за рурален развој Бујрум од Куманово, НВО Европски центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар, НВО Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп за соработката при спроведување на овие проекти, a во корист на општините Штип, Куманово, Гостивар и Прилеп“, пишува во соопштението.

Германската амбасада додава дека финансиската поддршка од Малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин.