Ова не е џип, ова е луксузен тенк од половина милион долари

Кога ќе се спомене американскиот автомобилски бренд Cadillac, тоа веднаш е асоцијација за луксуз и врвност во светот на автомобилската индустрија. Е кога Cadillac ќе се здружи со Inkas, канадска специјализирана компанија за блиндирани возила, тогаш добивате нешто многу повеќе од луксузен SUV. Добивате нешто ое може да се нарече луксузен и скапоцен тенк.

Овие два гиганти го произведоа најлуксузното оклопно возило на светот. Escalade е голем луксузен SUV од врвот на асортиманот на Cadillac, што е одлична основа за создавање Chairman Package изданието.

Степенот на заштита, што се однесува на блиндираноста, изнесува BR6, а тоа значи дека е отпорен на оружје со калибар од 7,62 мм.Тука е и видео надзор на околината, сателитска ТВ и телефон , како и термовизиски надзор.

Што се однесува на луксузната внатрешност , покривот на Cadillac е подигнат за 10 см за да се добие што полуксузен изглед. Освен суперудобните кожни седишта и аудио и видео опремата, во „современиот тенк” има минибар, амбиентално осветлување и сите други додатоци.

Цената на овој „ѕвер“ се движи од 300.000 до половина милион долари за американските потрошувачи.