Home Спорт Отворена полициска истрага против Кристиано Роналдо

Отворена полициска истрага против Кристиано Роналдо

Кристиано Роналдо направи голем скандал откако удри аутистично дете и му го скрши телефонот бесен од поразот на неговиот тим против Евертон.

По завршувањето на мечот, Португалецот додека заминуваше кон соблекувалните виде момче со мобилен телефон како го снима, по што го удри 14-годишното дете по раката. Телефонот падна и се скрши, и воедно оставајќи го момчето со модринка.

Роналдо се извини преку Инстаграм, но очигледно дека нема да помине така лесно, бидејќи полицијата отвори истрага.

Портпаролот на полицијата Мерсисајд рече дека двата тима биле контактирани по извештаите за наводен напад.

„Додека играчите го напуштале теренот, во 14:30 часот е пријавено дека дете било нападнато од играч на гостинската екипа. Истрагите се во тек и полицијата во моментов работи со фудбалскиот клуб Евертон за да ги прегледа снимките и спроведува опсежна истрага на сведоци за да утврди дали прекршокот се случил“, изјави полицискиот портпарол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …