Македонското образование денеска стапува во генерален штрајк


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вработените во образованието, културата и науката денеска стапуваат во генерален штрајк.

Тие бараат исплата на минималната плата според законот и усогласување на останатите плати со минималната. Од Владата се согласни дека треба да има зголемување на платите, но сметаат дека тоа не треба да се направи наеднаш затоа што може да предизвика инфлација.

Според синдикатите, барањата се реални и неопходни, а незадоволството кај членството е се поголемо. „Бараме линеарно зголемување на сите плати до 2.806 денари, исплата на минимална плата по закон и потоа корекција на платите на сите вработени кои треба да добијат над минималната плата. Редно е Владата да најде средства и да ги зголеми еднаш за секогаш платите во администрацијата, изјави во минатата недела претседателот на Синдикатот на вработените во управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деановски.

Ковачевски: Наставниците да ги стават интересите на децата на прво место и да не се нарушува образовниот процес

Премиерот Димитар Ковачевски пак е на став дека платите треба да растат, но не наеднаш затоа што тоа може да предизвика инфлаторски притисок. Тој смета дека решенијата треба да се бараат преку преговори за сите страни да бидат задоволни, а не прво да се организираат протести и штрајкови.