Три години затвор за Јордан кој во сообраќајка ја усмрти Викторија Николова кај Сити Мол – семејството на жртвата револтирано


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


23-годишниот Јордан Ѓогрѓиев, обвинет за сообраќајката несреќа кај „Сити мол“, во која загина 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, доби три години затвор.

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје за висината на казната.

Судијката Љубинка Башевска при изрекувањето на пресудата изрази длабоко сочувство до членовите на семејството на жртвата.

Покрај затворската казна, тој доби и забрана за управување моторно возило од Б-категорија во период од три години од правосилноста на пресудата.

По изрекувањето на тригодишната затворска казна за Јордан Ѓоргиев за сообраќајката несреќа кај „Сити мол“ во Скопје, во која загина 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, семејството на жртвата и нивниот адвокат не го криеја револтот од висината на казната.

„Што да кажеме. Немам зборови, згрозен сум од оваа држава и од судството и затоа има толку голем процент на доверба во судството – нула проценти. Друго немам ништо. Ние како фамилија сме згрозени со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава“, изјави пред медиумите таткото на загинатата девојка, додека нејзината мајка не можеше да ги задржи солзите.

И нивниот адвокат Владимир Михајловиќ изрази незадоволство нарекувајќи ја пресудата „речиси ослободителна“. Тој најави дека заедно со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ќе поднесе жалби до Апелацискиот суд Скопје.

„Ваква казна од три години за вакво дело со смртни последици е премногу несериозна за премногу сериозно дело. Веднаш во консултација со Јавното обвинителство најавивме дека ќе поднесеме барање за жалба на оваа пресуда и се надеваме дека Апелацискиот суд ќе биде многу посериозен во однос на дадената жалба. Имаме ситуација кога сè е чисто, кога без разлика на признавањето на вина, делото е такво како што е, а имаме пресуда која речиси е ослободителна. Со тоа дозволуваме секојдневно сите ние да биде жртви на сообраќајни несреќи. Ова мора да престане веднаш“, рече адвокатот.

Сообраќајката се случи на 20 јануари годинава, а во неа беше повредено и едно момче, кое било во друштво на загинатата Викторија Николова. Семафорот на местото бил исклучен, а до несреќата дошло кога возачот не застанал на пешачкиот премин и не обратил внимание на пешаците на коловозот, иако бил должен да го стори тоа. Брзината со која возел била 67,3 километри на час, што е за 17,3 повеќе од максимално дозволените 50 километри на час.

Покрај затворската казна, тој доби и забрана за управување моторно возило од Б-категорија во период од три години од правосилноста на пресудата.

Како отежнувачки околности судијката ги наведе загубата на човечки живот, зачестеноста на овие кривични дела и непочитувањето на дозволената брзина на движење, додека како олеснувачки ги посочи признанието вина, изразеното каење, тоа што станува збор за лице на 23-годишна возраст пред кое е речиси целиот животен пат…