Откриено кој ги предизвика нередите во Белград: Оваа слика најдобро го опишува хаосот (фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Последното градско дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда помина во сенка на дивеењето на хулиганите на трибините, епицентар беше јужната трибина, а според официјални информации се тепале навивачите на Партизан меѓусебно.

Сликата од претепаните и голи хулигани го запрепасти целиот регион, но тоа не е ништо во споредба со фактот дека еден човек со дете на грбот бегаше од хулаган со бакла во рацете.

Официјалниот ТВ канал на Партизан пак излезе со своја информација и откри кој ги предизвикал нередите на Југ.

„Она што може со сигурност да се каже е дека луѓето кои учествуваа и најлоло поминаа во инцидентот, се државјани на Хрватска, кои се практично изнајмени. Тоа се членови на кик-бокс клубот од Сплит, кои дошле исклучиво да прават нереди и да тепаат се околу себе. Тоа се луѓе кои прв пат биле на стадионот на Партизан и затоа поминаа најлошо бидејќи не знаеле како брзо да го напуштат стадионот“, објави ТВ Партизан.


Ваквите информации ги потврдија и дел од хрварските медиуми кои препознаа дел од своите сонародници.