ШОКАНТНО: Погледнете го документарецот за снајперистот во Сирија! (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатиот холандски режисер, Ребер Доскај, автор на наградениот документарец „Радио Кобани“ за воените случувања од Сирија, сними краток вознемирувачки документарец „Снајперистот од Кобани“ насловен и како „Ден од животот на еден снајперист во Сирија“.

И овој документарец е снимен во Кобани, град во покраината Алеп, каде што се водени најкрвавите битки во граѓанската војна во Сирија.

Филмот трае дванаесет минути и приказната е за Харон, курдски снајперист во Кобани. Режисерот Доскај раскажува за секојдневните активности на еден снајперист.

„Дали некогаш те убиле припадник на ИСИС? Прашува Харон додека овој седи на неговата столица во берберница.

„Ако јас не ги убијам нив, тие ќе ме убијат мене и мојот народ“

Харон во Кобани дошол за да се приклучи на курдксата полиција во борбата против ИСИС. Тој  е типичен снајперист, молчелив, ладнокрвен и осамен. Неговата војничка задача е бара математичка прецисност односно тој вели „Ако целта е во движење, тогаш пукаш пред него“.

„Кога некој ќе го застрелам, задолжително го проверувам неговото тело. Понекогаш сфаќам дека сум убил дете, но тоа не сум го знаел или сум немал избор. Секако дека тоа ме вознемирува и ме прави тажен“ признава Харон.

„Најтешкиот дел од снимањето ми беше кога одев со Харон да ги проверува телата кои ги застрелал. Тоа беше грозно чувство“ истакнува Доскај.

Снајперистот Харон за крај кажува: „Тоа што го поминав овде, не му го посакувам на никој друг“.

Погледнето го краткиот документарец: