Спорт

Откриено: „Дебелкото“ јадеше сендвич среде натпревар поради обложувалница!

Сензацијата во овогидинешниот ФА Куп, тимот на Сатон синоќа беше елиминиран од Арсенал, но денес сите сборуваат за нивниот резервен голман, Вејн Шоу.

45-годишниот резервен голман денес е прва ѕвезда во Англија откако на среде натпревар отиде во локалниот паб, пиеше пиво со фанобите, а потоа се врати и на клупата јадеше сендвич.

Со оглед на фактот дека тоа не го направи на натпревар од 5-та лига, туку на меч кој го следеше цела Англија, па сцените како јаде сендвич го испратија „дебелкото“ меѓу легендите.

Денес медиумите на Островот пишуваат дека Вејн Шоу најверојатно ќе се најде под истрага бидејќи тоа го направил поради обложувалница.

„Дел од соиграчите ми рекоа пред натпреварот: „Што е работата со коефициентот 9 за да јадеш пита?“ Им кажав: „Не знам ништо, не сум јадел ништо цел дена, па можеби ќе го сторам тоа подоцна“ Сите замени беа направени па си реков зошто да не, ајде малку да ја подбуцнам обложувалницата”, објасни „дебелкото“ после мечот и додаде дека тој не се обложил.

„Мислам дека имаше неколку луѓе кои се обложија. Очигледно на мене и на играчите на Сатон тоа не ни е дозволено. Мислам дека неколку пријатели и неколку фанови се обложија”, потврди Вејн.

To Top