Османи се жали: Хибриден политичко-економски центар работи против ДУИ


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Група македонски олигарси и политички лидери и поранешни лидери се дел од политичкиот-економски хибриден центар за кој пред неколку дена Бујар Османи тврдеше дека работи против ДУИ.

Поканет во летното издание на емисијата Клик плус на ТВ21, Османи рече дека пред неколку месеци во периферијата на Скопје овој центар се собрал за да дебатираат за како што велат, влијанието на Албанците во јавниот и економскиот живот.

„Пред неколку месеци, некаде овде на периферијата на Скопје, се одржала средба меѓу некои македонски олигарси и политички лидери, сегашни и поранешни политички лидери, кои алармираат или кои дошле до заклучок дека Албанците добиваат повеќе отколку што заслужуваат, или го укинуваат политичко-економскиот монопол на македонската заедница и се договорија да создадат национален центар за да го прекинат овој процес на, како што го нарекуваат, албанизација на државата и според нивните анализи, овие многу кредибилни индикации, ДУИ ја поврзуваат како парадигма или синоним на таа етничка еднаквост, на таа позиција на Албанците“, вели Бујар Османи.

Од друга страна, Османи вели дека секој напад, без разлика дали на македонската или албанската опозиција, всушност покажува дека ДУИ е во право.

„Секој напад врз ДУИ само нѐ прави посилни и поубедени дека сме во право и затоа сите се вознемирени. Погледнете ја македонската опозиција вели ДУИ ја контролира Владата, сѐ се албанизира. Албанската опозиција вели дека ДУИ не прави ништо. Затоа, ние сме многу уверени дека луѓето гледаат и знаат кој може, кој има принципи, кој има визија, лидерство и човечки капитал и човечки капитал што никој друг го нема“, посочи Османи.

Според Османи, јавното мислење покажува дека ДУИ е неспорна што се однесува до генералниот рејтинг, а истакна дека се подготвнеи под секакви услови да го водат напред европскиот фронт за да обезбедат подобар живот за граѓаните.