Маск „му удри“ X на славното пиле Лари – „иксот“ има голема позадина во бизнисите на милијардерот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Птицата Лари, која своето име го доби по НБА легендата Лари Брд, со години беше култен заштитен знак на социјалната платформа Твитер. Но, со почнување на ерата на новиот сопственик на платформата, Илон Маск, славното пиле беше заменето со голема стилизирана буква Х како лого на Твитер.

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, најави ненадејно ребрендирање на компанијата во серија објави во недела, 24 јули.

Овој потег е дел од напорите да се претвори водечката платформа за социјални медиуми во „апликација за секого“. Со буквата X, Маск опиша апликација која може да комбинира социјални медиуми, пораки и услуги за плаќање, слично на популарната кинеска апликација WeChat.

Ненадејната промена и изборот на ново лого делумно се објаснува со фактот дека Маск ja фаворизира буквата Х, која често се појавуваше во текот на неговата кариера.

Tesla, Model X, SpaceX, е дури и прекарот на синот на Маск, X.

Терминот „твитови“ со сина птица станува минато, бидејќи онлајн објавите сега ќе се нарекуваат „икс“.

За многумина Твитер стана синоним за брзи вести, но и политичко бојно поле. Како една од водечките социјални мрежи со 230 милиони корисници, Твитер помина долг пат од неговото лансирање во 2006 година, станувајќи и компанија и бренд.

Како нов сопственик на брендот, Маск се ребрендираше со промена на името на компанијата во X Corp.

Еден од првите деловни потфати на Илон Маск беше X.com, домен лансиран во 1999 година како платформа за онлајн банкарство и финансиски услуги. Една година подоцна, Маск беше принуден да се повлече од функцијата извршен директор на компанијата.

„Сите се обидоа да го оневозможат да ја именува компанијата по буквата X поради сексуалната конотација, но навистина му се допадна и ја задржа“, рече Ешли Венс, автор на најпродаваната книга во 2017 година: Елон Маск: Тесла, SpaceX и потрагата по фантастична иднина“, во интервју за американскиот NPR во мај.

Tри години подоцна, Маск оствари профит од 165 милиони долари кога X.com, тогаш споен со финансиската услуга Пеј Пал беше купен од eBay.

Маск го купи домеjнот X.com од Пеј Пал во 2017 година, а страницата сега ги насочува корисниците на Твитер.

„Благодарам Пеј Пал што ми дозволи да го купам X.com! Засега немам планови, но има многу сентиментална вредност за мене”, напиша Маск тогаш на Твитер.

Домејнот, X.com, беше првиот голем вовед на буквата X во бизнис брендирањето на Маск, но не и последен. Маск е основач и извршен директор на SpaceX, технолошка компанија за истражување на вселената официјално наречена Space Exploration Technologies Corporation. Маск ја основаше оваа компанија во 2002 година.

Извор: Слободна Европа